Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

На 10.04.2026 во 19:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток Лишија од слобода лице(48) од Делчево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети и ловечки патрони. Додека во дворот и на мотокултиватор со приколка е пронајдено нежигосано огревно дрво.

Мотокултиваторот и дрвата се одземени од Шумска полиција за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Можеби ќе ве интересира

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА: Не смееме да ги правиме овие работи до полноќ

ДЕСК