Centar.mk
СВЕТ

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа, со одобрение на Иран. Агенцијата, поврзана со Иранската револуционерна гарда, соопшти дека сообраќајот е сè уште околу 90 проценти помал отколку пред војната.

Иранските власти велат дека Ормускиот теснец не е целосно затворен, туку е ограничен на „непријателски земји“.

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, постојано повторува дека сообраќајот е селективен, а Иран претходно објави дека Ирак има исклучок и може да го користи овој клучен пат за превоз.

Можно воведување на транзитни такси

Иранските власти, исто така, размислуваат за воведување транзитни такси низ теснецот. Советник во кабинетот на претседателот изјави дека Ормускиот теснец би можел целосно да се отвори кога дел од приходите од транзитот ќе почнат да се користат за компензација на штетата предизвикана од војната./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +

Претседателот на иранскиот парламент до Трамп: „Вашите неодговорни потези ги влечат САД во жив пекол“

C +