Два трговски брода покрај италијанскиот брег ги пронашле телата на двајца мигранти и спасиле 32 преживеани од брод што се обидувал да премине од Либија во Европа за време на велигденскиот викенд, соопштија спасувачките групи, повикувајќи се на преживеани, додавајќи дека 71 лице се водат како исчезнати на море.
Жртвите биле префрлени во патролен брод на италијанската крајбрежна стража и однесени на италијанскиот остров Лампедуза, соопштија групите Mediterranea Saving Humans и Sea-Watch.
Министерството за внатрешни работи на Италија и италијанската крајбрежна стража не го коментираа извештајот.
Преживеаните рекоа дека на нивниот брод имало вкупно 105 патници, додека 71 се водат како исчезнати на море, соопштија спасувачките групи.
Видео објавено од Sea-Watch покажа околу десетина луѓе како се држат за превртениот портокалов брод додека трговскиот брод се приближувал кон него.
Лошото време го потресе Медитеранот оваа година, ограничувајќи ги пристигнувањата од Северна Африка и претставувајќи големи проблеми за оние што тргнуваат на море.
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека најмалку 683 луѓе загинале во Медитеранот оваа година, што е најсмртоносната година од 2014 година./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


