На 04.04.2026 околу 15:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Каменичка“ со ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(66) од Скопје, удрило во бетонски столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Д.Н.(68) од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од екипа на ПО Македонска Каменица.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


