До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 km/h.
Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
Прогноза за 07.04.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 08.04.2026
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно, со услови за слаби локални врнежи од дожд претежно во западните делови. Од попладневните часови ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 70 km/h.
Прогноза за 09.04.2026
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 20°C
Променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


