Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

Почитуван д-р Стојанов,

Ми претставува особено задоволство, Вам и на сите верници од католичка вероисповед, да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Најискрено, посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост, љубов и среќа.

Речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив белег на човечката природа.

Во овие тешки времиња, кога темни облаци се надвиснати над човештвото и кога војната го всади стравот во луѓето, верувам дека Велигден, како празник над празниците, ќе донесе мир, духовност и мудрост.

Исус Христос нè научи дека без емпатија, солидарност и толеранција и без разбирање на другиот и поинаквиот, нема соживот.

Очекувам Велигден да го разбуди Божјото во сите нас, да нè потсети дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината и да ни помогне да исчекориме напред, по Божјиот пат!

Христос воскресна!

Гордана Сиљановска-Давкова

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК