Centar.mk
фото Самсунг / ПР фотографија
ПРОМОБИЗНИС

Самсунг (“Samsung”) ја задржа лидерската позиција на глобалниот пазар на гејминг монитори седма година по ред

Иновативната визија е поттикната од партнерства со фигури од индустријата како Фејкер (Faker) од “T1“

Скопје, 3 април 2026 година – Самсунг (“Samsung) објави дека ја задржа својата позиција како светски бренд број 1 за гејминг монитори седма година по ред, продолжувајќи го водството што започна во 2019 година.

Според најновите податоци од “International Data Corporation” (IDC), “Samsung” зазема 18,9% од глобалниот пазар на гејминг монитори според приход[1], зацврстувајќи ја својата лидерска позиција во високоперформансни гејминг дисплеи. “Samsung” исто така е рангиран на прво место во сегментот на OLED гејминг монитори трета година по ред, постигнувајќи пазарен удел од 26 %.[2]

„Како бренд број 1 за гејминг монитори, нашата цел е да продолжиме да го водиме пазарот со диференцирана иновација.“ изјави Хан Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на одделот за Визуелни Дисплеи (Visual Display (VD)) во “Samsung”. „Силните партнерства со гејминг студија ја насочуваат нашата иновација, додека јасната технолошка стратегија нè одржува фокусирани. Со проширување на нашата гејминг библиотека и зголемување на компатибилноста со платформи, испорачуваме дисплеи што даваат перформанси кога тоа е најважно за гејмерите“.

„Во гејмингот, најмалата разлика ја прави целата разлика,“ изјави е-спорт ѕвездата Ли „Фејкер“ Санг-хјок (Lee ‘Faker’ Sang-hyeok) од “T1“. „Да се биде број 1 седум години по ред покажува дека многумина од нас го избираат “Samsung” со причина. Возбуден сум да видам какви иновативни гејминг технологии “Samsung” ќе донесе следно за да ни помогне да настапуваме на највисоко ниво.“.

Континуираното лидерство на “Samsung” го одразува неговиот фокус на технологија за гејминг монитори од новата генерација и имерзивни гејминг искуства. Тој напредок неодамна беше претставен на GDC 2026 во Сан Франциско, каде “Samsung” ја претстави својата најнова Odyssey линија, овозможувајќи им на девелоперите директен увид во 3D без очила и HDR10+ GAMING. Линијата Odyssey за 2026 година вклучува:

  • 27-инчен Odyssey 3D (модел G90XF): 3D гејминг без очила со напредно следење на очите што овозможува природна длабочина и прави акцијата да „излегува“ од екранот.
    • Odyssey 3D Hub поддржува растечка библиотека на компатибилни наслови, вклучувајќи „Hell is Us“ и „Cronos: The New Dawn“, со план да поддржи повеќе од 120 наслови оваа година.
  • 32-инчен Odyssey OLED G8 (модел G80SH): Импресивен 4K QD-OLED екран на 240Hz со исклучителни бои и контраст, заштитен со Samsung OLED Safeguard+ технологија.
  • 32-инчен Odyssey G8 (модел G80HS): Првиот 6K гејминг монитор во индустријата, со “native” перформанси од 165Hz со Dual Mode поддршка до 330Hz во 3K. Овој модел нуди и VESA-сертифицирана DisplayPort 2.1 (DP 2.1) конекција, која овозможува глатко играње игри и ефикасна видео репродукција.
  • 27-инчен Odyssey G6 (модел G60H): Првиот гејминг монитор во светот со 1.040Hz со Dual Mode, кој овозможува јасност на движењата и одзив на ниво на е-спорт.

 

За повеќе информации за гејминг мониторите на Samsung, ве молиме посетете ја https://www.samsung.com/mk/.

[1] Глобален број 1 гејминг монитор во 2019 ~2025; Извор на податоци: IDC Quarterly PC Monitor Tracker 2025Q4 (врз основа на вредносен износ)

[2] Глобален број 1 OLED гејминг монитор во 2023 ~ 2025; Извор на податоци: IDC Quarterly PC Monitor Tracker 2025Q4 (врз основа на вредносен износ)
*Од 2019 до 2022, се применуваше 100Hz или повеќе, пред промената на стапката на освежување за гејминг монитори (Gaming MNT Refresh rate) / потоа, се применува 144Hz или повеќе

 

фото Самсунг / ПР фотографија

Можеби ќе ве интересира

Голем пораст на цените за недвижнини во Хрватска

C +

Над 1 милијарда денари исплатени за овчарството

C +

Потрошувачки кредит на НЛБ Банка до 2.500.000 денари – Поголема поддршка и побрзо решение

ДЕСК