Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати до нацијата. Во 20-минутен говор, тој рече дека Иран е уништен и се закани со уште повеќе напади ако Техеран не се согласи на договор.
Трамп го искористи своето прво обраќање до нацијата од почетокот на војната во Иран за да ги оправда трошоците што конфликтот им ги наметнува на Америка и на светот, инсистирајќи дека неговиот крај е близу.
Тој рече дека Иран е десеткуван и дека тешкиот дел од војната е завршен. Но, додаде дека САД ќе го погодат Иран „многу силно“ во следните две до три недели.
„Вечерва, со задоволство можам да кажам дека овие клучни стратешки цели се ближат кон завршување. Во текот на изминатите четири недели, нашите вооружени сили постигнаа брзи, решителни, убедливи победи на бојното поле – победи какви што малкумина некогаш виделе“, рече Трамп./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


