Centar.mk
СВЕТ

Иран: Нападнат медицински институт во Техеран стар 100 години

Министерството за здравство на Иран соопшти дека Институтот Пастер во Техеран, истражувачка институција основана во 1920 година, бил сериозно оштетен во напад.

Портпаролот на министерството, Хосеин Керманпур, во објава на X изјави дека цел на нападот бил институтот, кој го опиша како „вековен столб на глобалното здравје“.

„Ова е директен напад врз меѓународната здравствена безбедност“, рече Керманпур.

Тој сподели фотографии од местото на настанот со објавата, на кои се гледа дека зградата е тешко оштетена, а делови од комплексот се претворени во урнатини./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК

МОЖЕН ПРЕСВРТ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Катар предложи договор што би ја обновил светската пловидба

ДЕСК

ПРЕСВРТ ВО ПАРАГВАЈ – Претседателот сменет, приведен по банкарски скандал, нов лидер ја презеде власта

ДЕСК