Голем број танкери за нафта останаа од двете страни на Ормускиот теснец утрово, додека блокадата на клучниот воден пат од страна на Иран продолжува.
Податоците од Vesselfinder покажаа дека десетици танкери се запрени покрај бреговите на Обединетите Арапски Емирати и Оман. Околу една четвртина од светската трговија со поморска нафта поминува низ Ормускиот теснец, што го прави еден од најважните и најранливите енергетски коридори во светот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ја нападне енергетската инфраструктура на Иран доколку не се обнови превозот низ теснецот.
Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз иранските воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран.
Иран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, додека судирите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормутскиот теснец.
Тензиите продолжуваат да растат, и покрај повремените сигнали за можни преговори, ниту една страна досега не покажа подготвеност за брз крај на конфликтот./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


