Centar.mk
СВЕТ

Папата Лав: Живееме во мрачен час од историјата

Светот моментално е во „мрачен час“ од историјата, изјави денес папата Лав Четиринаесетти, за време на мисата за мир во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Папата рече дека „во свет кој е растргнат меѓу силите што го уништуваат, постои нов народ, кој не е жртва, туку сведоци“, пренесува „Анса“.

„Во овој мрачен час од историјата, бог со задоволство нè повика да го шириме мирисот на Христос таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го обновиме нашето „да“ за оваа мисија, која повикува на единство и носи мир“, рече папата.

Тој рече дека „на овој начин, империјалистичката окупација на светот е скршена одвнатре“, и дека „насилството што досега беше закон е разоткриено“, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Невреме ја погоди Италија: се урна мост, поплави во неколку региони, спасувачи на терен

C +

Шефот на иранската армија: Ниеден американски војник не смее да преживее во случај на копнена инвазија

C +

Трамп: Целиот свет гледа и не може да поверува колку сме моќни и брилијантни

C +