Centar.mk
СВЕТ

Трамп ќе се обрати вонредно до нацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да ја завршат својата воена операција против Иран во рок од две до три недели и дека Ормускиот теснец, кој е блокиран од Исламската Република, повеќе не е негов проблем.

Белата куќа најави вонредно обраќање до нацијата.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави на Икс дека американскиот претседател ќе се обрати до нацијата вечерва во врска со Иран.

„Во 21 часот по локално време, претседателот Трамп ќе се обрати до нацијата за да обезбеди важни нови информации за Иран“, напиша Ливит./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

C +

Брод со мигранти бегаше од турската крајбрежна стража, па потона: најмалку 18 мртви

C +

„ОАЕ сакаат да го отворат Ормускиот теснец, се подготвуваат за војна“, објави „Волстрит журнал“

C +