Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во скопско меѓу ауди и тојота, меѓу тешкоповредените и шестгодишно дете

На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И. од с.Студеничани, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен сопатник од патничкото возило „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле друг шестгодишен сопатник од возилото „тојота“ и возачот Р.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК