СВР Охрид ја известува јавноста дека, со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе ги интензивира контролите кон сите возачи на моторни возила а посебно кон возачите на моторцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли и према оние возачи кои, не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, ќе презема репресивни мерки согласно законските овластувања.
Потсетуваме дека согласно Кривичниот законик, управување моторни возила без положен возачки испит ќе се санкционира согласно членот 297-А и возилата, во содејство со ОЈО-Охрид ќе се одземаат согласно член 300-Б по што, против возачите ќе биде поднесена кривична пријава. При сообраќајните контроли извршени во изминатиот период, затекнати се малолетници и младинци како управавуваат мопеди и моторцикли без положен соодветен возачки испит и учествуваат во сообраќајот а неретко, поради невнимание предизвикале сообраќајни незгоди кои завршиле со смрт или тешки телесни повреди. Поради тоа, со цел спречување на овие појави, апелираме до родителите или старателите во семејната заедница, како и од страна на наставниот кадар во средните и основните училишта, на младите лица да им се укаже на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, односно децата да не управуваат моторни возила, моторцикли и мопеди без да имаат положено возачки испит, а тие што имаат положено возачки испит да ги управуваат моторциклите и мопеди со носење на заштитен шлем кацига, со почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Посебно до наставниот кадар, упатуваме апел за нагласена едукација за безбедно учество во сообраќајот. При сообраќајни контроли извршени вчера (31.03.2026) од 11 до 17 часот, СВР Охрид, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик, одзеде три мопеди а против возачите ќе поднесе кривични пријави.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


