Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Скандал во Струмица: Лихварство, високи камати и закани по семејство

СВР Струмица поднесе кривична пријава против жена (53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист.

Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но откако не можел да ја плати каматата, пријавената почнала да му упатува закани по неговиот живот и животот на неговото потесно семејство. На 26.02.2026, пријавената се договорила со оштетениот да се сретнат во близина на нејзината куќа, по што полициски службеници од СВР Струмица, кај приведената пронашле банкнота од 100 евра, која претходно била криминалистичко-технички обработена.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК