Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, следува соодветна пријава

На 30.03.2026 во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода лице (39) од Гостивар. При претреси во неговиот дом и помошни простории на ул. „Балиндолска“ и во негов стан на ул.„Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК