Centar.mk
фото илустрација/поправка на автомобил/ JS imagery
-МАКЕДОНИЈА

Шок во Тетово: Позајмил „БМВ“ го однел на механичар, а механичарот го продал на отпад во Слатино

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник . Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар.

Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино.

Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +