На 29.03.2026 во 19:00 часот кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода лице (26) од Гостивар. Тој е затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола. КЗ на РСМ.
Исто така, истиот ден во 21:50 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лице (25) од Тетово. Тој управувал мотоцикл „трува“ без возачка дозвола и без соодветна документација.
Возилото и мотоциклот се одземени, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


