Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ ВО НОВ ХОРОР: 27 годишник ја уби сопствената мајка, па отиде да се пријави во полиција

Лишен од слобода 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, следува пријава.

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.

Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +