На 28.03.2026 околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Зеф Љуш Марку“ и ул.„Фан Ноли“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од маж(55) од Штип и детски тротинет, управуван од малолетничка од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка која исто така се превезувала на тротинетот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


