Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

УЈП со важно известување до граѓаните кои заработуваат од странство – Рокот за пријавување на данок привршува

Од УЈП ги потсетуваат физичките лица – даночни резиденти на Република Северна Македонија дека приближува крајниот законски рок за поднесување на електронска пресметка за доход од работа (плата), остварен од странство за 2025 година.

Сите лица кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство, се должни да поднесат електронска пресметка преку системот е-Даночни услуги, најдоцна до 31 март 2026 година.

Обврската за пријавување постои без разлика дали данокот е платен во странската држава или не.

Кон електронската пресметка задолжително се прикачуваат соодветни докази за остварениот доход како: потврда од исплатувачот за исплатениот доход, извод од банка, договор за извршени услуги, како и други релевантни документи со кои јасно се потврдува видот, износот и периодот на остварениот доход од странство, како и доказ за евентуално платен данок во странската држава.

Напоменуваме дека УЈП веќе достави и персонализирани пораки со потсетување до 5.320 граѓани за кои располагаме со податоци дека оствариле доход од работа (плата) од странство, велат од УЈП.

Детални насоки за постапката на пријавување, начинот на пополнување на пресметката, плаќањето на данокот и примената на договорите за избегнување на двојно оданочување се достапни на следните линкови:

Од УЈП укажуваат дека навременото исполнување на оваа обврска овозможува правилно утврдување на даночната обврска и избегнување на дополнителни постапки и санкции.

– Апелираме до даночните обврзници да ја исполнат својата обврска во законски утврдениот рок.

Дополнително, Управата за јавни приходи информира за преземените постапки за проверка на платениот данок во Ирак на резиденти на Република Северна Македонија за доход остварен во текот на 2020 година, од работа во оваа земја. До даночните администрации на Ирак и САД преку Министерството за надворешни работи доставени се барања за 275 даночни обврзници за потврда на платениот данок за овие лица, се вели во соопштението на Управата за Јавни Приходи.

Можеби ќе ве интересира

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Летно сметање на времето

ДЕСК

Насоки за купување телевизор: Вашиот целосен водич за избор на совршен ТВ уред

ДЕСК

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

ДЕСК