Centar.mk
СВЕТ

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Пентагон размислува да испрати до 10.000 дополнителни копнени трупи на Блискиот Исток за да му даде на американскиот претседател Доналд Трамп повеќе воени опции, дури и додека се разгледуваат мировни преговори со Техеран, изјавија претставници на Министерството за одбрана запознаени со плановите, објави „Волстрит џурнал“.

Според нив, дополнителните сили веројатно би вклучувале пешадиски единици и оклопни возила.

Тие трупи би се придружиле на силите од околу 5.000 маринци и илјадници падобранци од 82-та воздушно-десантна дивизија што веќе се распоредени во регионот.

Трамп објави дека, на барање на иранските власти, ќе ги паузира нападите врз енергетските објекти 10 дена, до 6 април, истакнувајќи дека преговорите сè уште се во тек и дека одат „многу добро“.

Како што прецизираше, паузата ќе трае 10 дена, до понеделник, 6 април 2026 година во 20:00 часот или 2:00 часот наутро на 7 април, по централноевропско време./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Гардијан“: Војната на Трамп во Иран е голем стратешки неуспех

C +

Рубио на состанокот на Г7 во Париз: Работам за Американците, а не за сојузниците

C +

Украина и Саудиска Арабија се договорија за важна одбранбена соработка

C +