Centar.mk
СВЕТ

Одмазда на Иран: на удар се американски воени бази и израелски пристаништа

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека рано утрово го спроведе 83-от бран од операцијата „Вистинско ветување 4“, за време на која ракети и беспилотни летала ги таргетираа американските и израелските воени цели низ целиот регион.

Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека меѓу целите се резервоари за складирање нафта и складиште за гориво во Ашдод, воена позиција во населбата Модин, како и центар за размена на информации на американската војска во регионот, објави „Прес ТВ“.

Иранската гарда тврди дека биле погодени и американските воени бази Ал-Дафра и Ал-Удеириџ, како и хангарите за одржување на транспортни авиони и беспилотни летала во воздухопловната база Али Ал-Салем.

Како цели биле наведени и резервоари за гориво за американски борбени авиони и хангар за одржување на ракетниот систем Патриот во базата Шеик Иса.

Според ИРГЦ, во нападите е користена комбинација од напредно оружје, вклучувајќи ракети со долг и среден дострел на цврсто и течно гориво, прецизни системи за удар, повеќеракетни боеви глави и самоубиствени дронови.

Иранската гарда тврди дека нападите биле извршени „со целосен успех“, додека предупредува дека ќе продолжат со одмаздничките операции против американски и израелски цели во регионот.

Портпаролот на иранските вооружени сили, бригаден генерал Аболфазл Шекарџи, вчера изјави дека американскиот персонал бил принуден да ги напушти воените бази и да остане во цивилни објекти, што го оцени како знак на слабост.

Истиот ден, иранската војска наводно таргетирала цели во пристаништето Хаифа со дронови, вклучувајќи објекти поврзани со одржување на израелски воени бродови и складирање гориво за воени авиони./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Гардијан“: Војната на Трамп во Иран е голем стратешки неуспех

C +

Рубио на состанокот на Г7 во Париз: Работам за Американците, а не за сојузниците

C +

Украина и Саудиска Арабија се договорија за важна одбранбена соработка

C +