Centar.mk
СВЕТ

Израелски министер му се заканува на Иран: Ќе платите висока цена за нападите

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел ќе ги засили своите напади и ќе таргетира поширок спектар на локации во Иран, обвинувајќи го Техеран дека насочува ракети кон израелски цивили.

Кац им рече на воените претставници дека воените напади на Израел врз Иран ќе „се интензивираат и ќе се прошират на дополнителни цели и области што му помагаат на режимот да изгради и користи оружје против израелските цивили“.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас го предупредивме иранскиот терористички режим да престане да испукува ракети кон цивилното население во Израел. И покрај предупредувањата, пукањето продолжува и затоа нападите во Иран ќе се интензивираат и прошират“, рече Кац.

„Тие ќе платат висока цена и ние ќе продолжиме да дејствуваме во Иран со полна сила сè додека не се постигнат сите воени цели“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Израелската армија тврди дека пронашла оружје на Хезболах во училиште во Либан

C +

„Гардијан“: Војната на Трамп во Иран е голем стратешки неуспех

C +

Рубио на состанокот на Г7 во Париз: Работам за Американците, а не за сојузниците

C +