Centar.mk
СВЕТ

Остатоци од ирански проектил убија две лица во Абу Даби

Две лица загинаа, а три се повредени во Абу Даби откако на улица паднале остатоци од пресретнат балистички проектил, потврдија градските власти.

Според соопштението на владата, загинатите се опишани како „неидентификувани лица“, а во инцидентот што се случил на улицата Свеијхан, во источниот дел на градот, оштетени се и повеќе автомобили, пренесе Си-Ен-Ен.

Обединетите Арапски Емирати се мета на одмазднички ирански напади од почетокот на војната пред повеќе од три недели.

Властите соопштија дека од раните утрински часови во четврток биле пресретнати ирански проектили и дронови, а новинарите на Си-Ен-Ен кои се наоѓаат во Абу Даби во текот на ноќта слушнале силни експлозии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија донесе нов закон: Путин ќе може да испрати војска во европските земји

C +

Орбан го даде првото интервју по изборите: „Јас сум виновен за поразот“

C +

Светските лидери го поздравија прекинот на огнот меѓу Израел и Либан

C +