Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 27.03.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Претежно облачно со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 28.03.2026
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Прогноза за 29.03.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Претежно облачно со врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +