Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Потсмевањето на Трамп беше првата грешка на Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа направила две сериозни грешки во односите со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оценувајќи дека европските лидери ја пропуштиле можноста навреме да ги препознаат политичките промени во Вашингтон.

Во интервју што го даде за блогерот Марио Науфал, кое беше објавено на социјалната мрежа Икс, Орбан изјави дека првата грешка била исмејувањето на Трамп од самиот почеток.

„Направивме две сериозни грешки. Прво, му се исмејувавме на Доналд Трамп од самиот почеток. Ние не се однесуваме така“, рече Орбан.

Според него, по враќањето на Трамп во Белата куќа, било потребно да се разбере дека не станува збор само за личен политички успех, туку за почеток на нова политичка ера.

Орбан истакна дека во тој момент Европа требало да изгради нов модел на односи со Соединетите Американски Држави, но дека, наместо тоа, европските политичари „се однесувале како деца“, не успевајќи да се прилагодат на новата ситуација.

Тој, исто така, потсети на поддршката што Доналд Трамп му ја даде пред унгарските избори, нагласувајќи дека американскиот претседател го гледа Орбан како силен лидер кој постигнува резултати.

Трамп, како што изјави, оцени дека за време на неговиот мандат односите меѓу Вашингтон и Будимпешта достигнале највисоко ниво, пред сè благодарение на соработката со унгарскиот премиер. Тој, исто така, потсети на својата поддршка за Орбан на изборите во 2022 година, нагласувајќи дека е почестен повторно да ја пружи таа поддршка, а воедно ги повика граѓаните на Унгарија да гласаат за актуелниот премиер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина со најсилен напад со дронови досега – Русија тврди дека пресретнала 398 летала

C +

САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

C +

„Фајненшл тајмс“: Руте со поддршката за Трамп го налути европскиот блок – НАТО пред нови поделби околу војната со Иран

C +