Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои реална можност за постигнување договор со Иран, но нагласи дека ништо сè уште не е сигурно.
Тој додаде дека нема да дава рокови за евентуален договор: „Нема за една или две недели да излезам пред вас, па да кажете: ‘Рековте…’ – ништо не реков. Сè што велам е дека сме среде вистинска можност за постигнување договор.“
Истакна дека САД и Техеран во моментов разговараат за 15 точки кои треба да доведат до завршување на конфликтот, при што откажувањето на Иран од нуклеарната програма го посочи како приоритет број еден, два и три.
Трамп истакна и дека би сакал да се воспостави заедничка контрола над Ормутскиот теснец, при што и тој и иранскиот врховен лидер би имале одреден удел во управувањето со ова стратешки важно подрачје.
И покрај тековните преговори, Трамп го повтори и претходниот став дека поддржува многу сериозна форма на промена на режимот во Иран./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


