Centar.mk
илустрација
МАКЕДОНИЈА

Снег врне на овие места – Каква е ссотојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи со остатоци од кашест снег се бележат на Попова Шапка, информира АМСМ.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК