Од утре до 6 април ќе се применува повластена даночна стапка од 10 отсто за прометот на горивата.
Мерката која беше донесена со одлука на Владата, ќе почне да важи од полноќ и ќе трае до 6 април.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива дека се должни навремено да ги усогласат своите фискални системи, ценовници и фактурирање, во согласност со тарифникот од одлуката.
Целта е да се обезбеди правилна пресметка, евидентирање и прикажување на намалената стапка на данокот на додадена вредност.
Од Управата нагласуваат дека примената на мерката мора да биде доследна и во согласност со законските прописи, при што најавуваат засилени контроли на терен.
За евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
УЈП ги повика сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


