Американската воена акција против Иран не може да се третира како класичен вооружен конфликт, туку претставува нелегална инвазија и бомбардирање на суверена држава, изјави белгискиот член на Европскиот парламент Руди Квенс.
Во својата изјава за медиумите, тој нагласи дека во сегашната ситуација не постои вообичаен модел на конфликт меѓу две рамноправни страни, туку еднострано дејствување.
„Нема конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Конфликтот вклучува две страни. Она што го гледаме е инвазија и нелегално бомбардирање на една земја“, рече Квенс.
Тој истакна дека европските земји, наместо јасно да се спротивстават, останале воздржани.
„Европските земји мораа да ги бојкотираат постапките на САД и Израел, но немаа политичка храброст да преземат таков чекор“, рече Квенс.
Како исклучок, тој го издвои ставот на Шпанија, која, според него, јавно ги осуди постапките на Вашингтон. Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно, во официјално соопштение во врска со настаните во Иран, оцени дека воените дејствија биле нелегитимни.
Изјавите на европските претставници, како онаа на Квенс, укажуваат на постоењето на различни ставови во рамките на Европската Унија во врска со природата и оправданоста на воените интервенции, но и на ограничениот опсег на заеднички европски одговор во ситуации на глобални кризи, анализираат медиумите./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


