Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ / Интегрално:

ПР от на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев.

СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС.

Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката.

Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.

Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција.

Преку Зоран Башановиќ, и ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ се креира ПР стратегијата на СДС и се шират лаги и манипулации.

СДС и Филипче делуваат по насока на овие лица а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.

Дали политиките на СДС и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви?

Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДС, кој им ја креира политиката и во чии интереси делува СДС.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил, полицијата истражува

ДЕСК