Centar.mk
СВЕТ

Словенија воведе ограничување на гориво поради проблеми со снабдувањето

Од полноќ во Словенија е на сила одлука за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел намалување на проблемите со снабдувањето на нафтени деривати.

Граѓаните можат да точат до 50 литри гориво дневно, додека правните лица и физичките лица кои се занимаваат со стопанство, вклучително и земјоделството, се ограничени на 200 литри дневно. Овие мерки ќе важат до понатамошно известување.

Владата ја активираше и словенечката армија, чиј персонал ќе учествува во снабдувањето и транспортот на горивото. Дистрибутерите се повикани да координираат испораки од магацините до бензинските пумпи за да се забрза снабдувањето.

Посебни мерки за странци

Трговците со гориво секое утро ќе мораат да доставуваат извештаи до владата за состојбата на бензинските пумпи. Властите потоа ќе одлучат дали се потребни дополнителни мерки.

Премиерот Роберт Голоб нагласи дека ограничувањата се наменети особено за странски државјани, при што владата им препорача на трговците да подготват мерки за странците.

Проблемите се најмногу со компанијата Петрол, за која премиерот беше критичен, иако компанијата вчера изјави дека со максимален ангажман го обезбедува снабдувањето на својата мрежа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Многу луѓе гласаат, тоа значи само едно

C +

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

C +

Две или три клучни прашања спречија договор, вели иранското министерство

C +