Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил, полицијата истражува

На 21.03.2026 во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 2700 евра.

Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола.

Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту да му ги врати парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК

Ужас на паркинг во трговски центар: Неколкумина нападнаа 18-годишно момче

ДЕСК