На 22.03.2026 во 04:05 часот на патот Тетово-Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода лице(44) од с.Дебреште, прилепско. При контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека возачот го управувал возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категогија. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
…
На 22.03.2026 во 04:12 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишија од слобода 17-годишен малолетник од с.Милетино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето е малолетник и го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено и ќе следува соодветна пријава.
…
На 21.03.2026 во 23:00 часот во Гостивар на ул. „Боге Велјаноски“, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода лице(22) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Питарница“, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал, но лицето се дало во бегство. По преземени мерки, сега приведениот е пронајден и лишен од слобода и било констатирано дека нема возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


