Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

Eye media: Нема соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ

– Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења, соопштуваат од Eye Media.

– Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советниц
и.
Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.
Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти.

Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.

Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.

Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.

Послуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.

Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни.

Ве молиме овој демант да го објавите во целост и во истиот формат и видливост како и оригиналниот текст, се вели во соопштението/демант на Eye Media.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил, полицијата истражува

ДЕСК