Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

Изјава на Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија.

Станува збор за контроверзна личност, како и матна личност во областа на енергетиката. Зоран Башановиќ е кум на претседателот на Србија, Александар Вучич, со кој не се во најдобри односи, па оттаму, Башановиќ преку Зоран Заев, Венко Филипче и СДС го напаѓа СНС од Србија, како и претседателот Александар Вучич.

Имено, Зоран Башановиќ е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на кумството со Александар Вучич.

Исто така, Зоран Башановиќ е и куќен пријател на Зоран Заев во Грција. Човек кој му беше специјален советник во владата и земаше над 1.500 евра плата во тоа време. Но, како велат – сличните луѓе си се наоѓаат едни со други.

Зоран Башановиќ, заедно со ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ, се лицата кои го навредуваат и омаловажуваат македонскиот народ.

Сето ова се случува по насока на Заев, а Филипче и СДС говорат се што овие ќе им напишат.

Затоа повеќе не сме вчудоневидени од соопштенијата и прес-конференциите на СДС и Филипче во кои ги напаѓаат претседателот Вучич и владата во Србија.

Почитувани граѓани,

Башановиќ и Шчекиќ, од скопски хотел диригираат директно на Бихачка. Овие двајца се изворот на сите лаги, манипулации и невистини кои доаѓаат од СДС и Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

СДСМ реагира: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус

ДЕСК