Интегрален текст од денешното соопштение на СДСМ:
Паниката во редовите на ВМРО од паднатиот рејтинг, бројните криминални скандали кои ги објавува АКТ и катастрофата во економијата ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ.
Ниту една црна кампања против СДСМ и против претседателот Венко Филипче не им помина, граѓаните го препознаа дефокусот.
Се уверија дека не можат да го скршат АКТ и раководството на СДСМ и ВМРО-ОКГ го употреби својот последен адут.
Осмислија ‘Платформа за рушење на СДСМ од внатре’ за создавање на некаков ДОС во кој нема место за СДСМ – најголемата но и единствеата неконтролирана опозиција во Македонија.
Сè уште не почнале, нема имиња, а веќе се оградуваат од Шилегов, предлагачот на платформата. Како ли ќе останат единствени кога ќе излезат имињата?
Во брифингот објавен во медиумите велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии.
Со тоа докажуваат дека дополнително сакаат да ја распарчат. Го споменуваат ЗНАМ бидејќи пропадна. ЗНАМ нема повеќе никаква поддршка, затоа што граѓаните сфатија дека го покажаа своето продадено лице во тендер-коалицијата.
Кога ќе излезе списокот, на граѓаните ќе им стане јасно кои се тие што, како што велат, „не се борат за фотелји“.
СДСМ е единствената опозиција, единствената неконтролирана партија што се бори власта да се врати во рацете на граѓаните.
Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.
СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


