По 40-тата година потребни се едноставни промени во животниот стил, како редовни оброци, физичка активност, доволно сон, но и додатоци во исхраната кои можат значително да ја подобрат енергијата, виталноста и целокупното здравје. Со годините телото се менува, мускулите ја губат силата, коските стануваат послаби, а енергијата опаѓа.
Нутриционистот Сашко Дрвошански истакнува дека клучот е во балансирана исхрана, редовно движење и додатоци кои му го даваат на телото она што му е потребно. Тој вели дека не е потребно целосно да се исфрли шеќерот или одредени намирници. Но со комбинирање на додатоците богати со витамини, минерали и други важни соединенија можат да се подобри функцијата на мускулите, здравјето на коските и нивото на енергија.
Според него следните додатоци во исхраната се посебно неопходни за лица постари од 40 години.
- Магнезиум – за силни мускули и подобра подвижност
Магнезиумот е неопходен за здравјето на мускулите. Помага во регулирање на контракциите и спречува непријатни грчеви. Кога телото има доволно магнезиум, се намалуваат вкочанетоста и болката во мускулите, што го олеснува движењето и ја зголемува силата. Магнезиумот е микронутриент што помага во регулирање на многу телесни процеси, од функцијата на мускулите и нервите до производството на енергија. Кај лицата над 50 години помага во контрола на мускулните контракции, ја зголемува енергијата и го поддржува здравјето на срцето.
- Витамин Д – за цврсти коски и енергија
Витаминот Д е клучен за апсорпцијата на калциумот, што е од витално значење за коските. Со возраста густината на коските се намалува, а ризикот од скршеници и остеопороза се зголемува. Помага не само за здравјето на коските, туку и за мускулите, имунолошкиот систем и нивото на енергија. Доволниот внес, било преку храна или додатоци, го намалува ризикот од падови и скршеници, што е клучно за одржување на физичката сила во подоцнежните години.
- Протеин за зачувување на мускулната маса
Со стареењето, особено по 40-тата година, телото станува помалку ефикасно во обновување на мускулното ткиво. Губењето на мускулната маса може да доведе до намалена сила, подвижност и независност. Внес на протеини околу 1 до 1.2 грама по килограм телесна тежина дневно е клучно за одржување на мускулите.
Одржувањето на мускулната маса не е важно само за физичкиот изглед, туку и за енергијата, метаболизмот и квалитетот на животот.
Се препорачува Мача колаген, функционален производ кој ја комбинира антиоксидативната моќ на јапонската мача со регенеративната функција на високо-квалитетен колаген, создавајќи формула која реално помага на клеточно ниво. Зелената мача е одличен извор и на природен кофеин и на таурин што прави да ја подобриме и одржиме енергијата, фокусот и издржливоста на телото. Содржи и Л-Теанин и магнезиум, кои го намалуваат стресот и заморот на организмот, помагаат да се релаксираме и подобро да ни работи мозокот, како и хлорофил, за подобар квалитет на крвта, поголемо снабдување на клетките со кислород, и детоксикација на телото.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


