Centar.mk
СВЕТ

Зеленски разговараше со Руте за зајакнување на украинската воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на неговата официјална посета на Лондон, разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

„Се сретнав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Разговаравме за многу различни теми, но пред сè – зајакнување на воздушната одбрана и заштита на нашите луѓе од руски напади. Многу сме благодарни за програмата PURL, благодарение на која можеме да купиме ракети „Патриот“ од Америка. Ќе работиме на привлекување нови земји кон оваа иницијатива и зголемување на учеството“, рече Зеленски во објава на Фејсбук.

Руте и Зеленски разговараа и за ситуацијата околу Иран и неговото влијание врз Украина и цела Европа, пренесува Укринформ.

Зеленски претходно изјави дека денес имал трилатерален состанок со британскиот премиер Кир Стармер и Руте, каде што разговарале за заедничко производство на оружје.

„На трилатералниот состанок со британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, разговаравме за заедничко производство на оружје и координација во оваа област со цел зајакнување на Украина и цела Европа“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +

Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

C +