Компанијата е на врвот на глобалната продажба на саундбар звучници, зајакнувајќи го своето аудио портфолио со премиум модели и проширена линија за 2026 година.
Заедно со 20 годишното лидерство на глобалниот пазар на телевизори, ова достигнување го етаблира “Samsung” како лидер во домашната забава
Скопје, 18 март 2026 година – Самсунг (“Samsung”) објави дека го задржа своето лидерство во аудио-визуелниот сектор како водечки бренд за саундбар звучници во светот, 12 години по ред.
Според најновото истражување на “Future Source“, “Samsung” оствари 21,5% од глобалниот приход во сегментот на саундбар звучници и 19,7% од вкупниот волумен на продадени единици во 2025 година, продолжувајќи ја својата лидерска серија која започна во 2014 година. Овој јубилеј, заедно со две децении глобално лидерство на пазарот на телевизори , ја зацврстува позицијата на “Samsung” во водечките редови на индустријата за домашна забава.
Континуираниот успех на “Samsung” на пазарот на саундбар звучници е поттикнат од напредната аудио технологија, извонредниот звук и беспрекорната интеграција со телевизорите на “Samsung”. Надоврзувајќи се на оваа основа, “Samsung” ќе ја прошири својата аудио линија за 2026 година со нови производи кои нудат звук со кино квалитет, прилагоден на различни услови за живеење.
Линијата ќе вклучува:
• HW-Q990H водечки саундбар звучник, наследник на моделот HW-Q990F;
• HW-QS90H „Сè-во-едно“ саундбар звучник;
• Music Studio 7 и Music Studio 5 Wi-Fi звучници, дизајнирани од Бурулек (Bouroullec).
„Во ’Samsung’, особено сме горди на нашиот бренд на саундбар звучници и на нив гледаме како на начин да донесеме премиум аудио искуства во домовите насекаде“, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung”. „Тоа што сме прогласени за најдобар бренд за саундбар звучници во светот 12 години по ред покрај тоа што е огромна чест, е и доказ за нашата посветеност кон премиум домашна забава.“
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


