Centar.mk
СВЕТ

Погодена нуклеарна централа, Русите со предупредување: Следи катастрофа од епски размери

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Иран пријавил дека нуклеарна централа била погодена во вторникот вечерта.

„Не е пријавена штета на објектот, ниту повредени лица“, се вели во соопштението на МААЕ, пренесуваат светските агенции.

Во електраната се сместени и руски научници, вработени во рускиот „Росатом“, кои, како што претходно објавија медиумите, не можат да контактираат со раководството на иранската нуклеарна индустрија поради војната.

„Нема контакт со претставниците на иранската нуклеарна индустрија – нема телефонска или електронска комуникација. Во моментов не можеме ниту да ја процениме нивната физичка состојба“, го цитираа руските агенции Алексеј Лихачов, шефот на руската државна корпорација.

Лихачов потоа истакна дека Агенцијата за атомска енергија на ОН објавила фотографии од нападите врз иранските нуклеарни објекти, но од „Росатом“ изјавиле дека немаат разбирање за нивото на уништување.

Поради нападот врз Иран, кој го започнаа САД и Израел, работата во нуклеарната централа „Бушер“, која Иран ја гради во соработка со рускиот „Росатом“, е целосно запрена, изјави шефот на руската корпорација.

„Некои од нашите колеги беа во Техеран и веќе ја напуштаат земјата. Исто така, постепено ќе ја евакуираме локацијата, како што ќе се забавуваат нападите и како што има паузи“, рече Лихачов.

Тој додаде дека нуклеарната централа „Бушер“ останува приоритетен проект за Русија и дека „нашите луѓе ќе останат таму во секој случај“.

„Ја разбираме нашата одговорност кон народот и владата на Иран“, рече Лихачов.

Пред две недели, тој нагласи дека потенцијален воен напад врз нуклеарната централа „Бушер“ би довел до „катастрофа од регионални размери“, предупредувајќи дека сите страни во конфликтот ќе мора да го разберат ова./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +

Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

C +