Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НОВ ПРЕСВРТ: Таткото ја малтретирал девојката која падна од балкон

На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил маж(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор.

Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко.

По насока од јавен обвинител мажот е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК