Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Кочани – Виница, едно лице загина, има повредени

На 16.03.2026 околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК