Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија од Охрид до Милано

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано. Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.

Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“, објави вицепремиерот Николоски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК