Тим лекари од Општата болница во Госпиќ минатата недела успешно отстраниле тумор тежок 36 килограми кај 81-годишна пациентка.
Операцијата била сложена и ризична поради возраста на пациентката и големината на туморот, кој се протегал од карлицата до пределот на белите дробови.
Интервенцијата ја предводел шефот на гинекологија и акушерство Дарко Милиновиќ, заедно со тим од гинеколози, хирурзи, анестезиолози и медицински сестри.
Пациентката добро се опоравува и се очекува наскоро да биде пуштена на домашно лекување.
Милиновиќ изјави дека, според негови сознанија, станува збор за најголемиот отстранет тумор во хрватското здравство и ја истакна важноста на довербата во локалните болници./Извор:Makfax


