Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Следува поскапување на храната, владата итно да преземе мерки

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека поскапувањето на горивата директно ќе влијае и врз поскапување на цените на прехранбените производи, што е уште еден сериозен удар врз семејниот буџет на граѓаните.

„Не се само во прашање цените на горивата, ова поскапување на цените на горивата ќе доведе до поскапување на храната на основните прехранбени продукти, евентуално и на струјата. Потоа дури и цената на нафтата на светските берзи да се стабилизира и да се намали, ако се случат овие поскапувања цените ништо нема да ги врати назад“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче ја повика владата итно да реагира и да ги прифати законските решенија што ќе ги поднесе СДСМ.

„Ние во Собранието ќе поднесеме пакет на закони со цел да им олесниме на граѓаните оваа криза полесно да ја надминат. Прво закон за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, третиот закон е укинување односно сведување на 0 % проценти ДДВ за основните прехранбени производи и четвртиот закон е за преполовување на цените на патарините коишто нашите граѓани ги плаќаат возејќи по патиштата ширум државата. Владата мора да реагира и мора да ги прифати овие закони затоа што народот едноставно во оваа криза нема да може да се прехрани“, порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК