Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

Комеморативниот настан во Кочани за годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ заврши со настапот на Ирена Стевановска со композицијата „63 ангели”.

На 16 март 2025 година државата се разбуди со вести за кои никој не веруваше дека се вистина. „Пожар во дискотека во Кочани на настап на групата ДНК, има повредени“, „Десетици загинати во пожарот“…. како што течеше денот се полоши вести доаѓаа од Кочани.

Млади луѓе, студенти, фудбалери, ученици, пејачи, музичари…. 63 млади луѓе ги изгубија животите во таа кобна ноќ.

Жртва во несреќата е Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани. Тој беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК