Интегралент текст од денешната прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – Членка на Извршниот одбор:
Почитувани,
Денеска вие со право сте на улиците, се борите за достоинствени плати, за достоинствен живот, за корка леб.
Зад секоја плата стои нечии труд, нечии раце, нечии соништа.
Затоа е важно кога работниците ќе застанат заедно и мирно, достоинствено да го побараат она што им припаѓа.
Христијан Мицкоски ве изневери, ве излажа и ве понижи.
Ве нарекува хистерични затоа што барате минимална плата од 600 евра.
Додека тој носи часовници од 150 минимални плати.
Уште вели дека можеле работниците и без одмор, следно ќе каже може и без да јадат.
Сите вие знаете дека СДСМ е на ваша страна и ве поддржува.
Кога бевме власт платите постојано ги зголемувавме, минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната од 22.000 на над 42.000 денари.
И сега, кога ви е тешко, СДСМ поднесе Закон за минимална плата од 600 евра, но Владата го одби барањето.
Имате право да го кренете гласот, да бидете на улиците.
Протестот на Синдикатот не е политика – тоа е борба за достоинство, за праведна плата и за подобар живот за секое семејство.
Ние нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме, ние не сме ВМРО.
Сите членови на СДСМ кои се и членови на Синдикатот ги повикуваме да се приклучат. Ова е ваша борба.
Гласот на работниците мора да се слушне.


