Centar.mk
фото Општина Гостивар
ЛОКАЛНО

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го промовираше почетокот на работите за реконструкција на две улици во населбата „Лајтија“, со вкупна должина од 1.000 метри.

„Станува збор за две улици во населбата Лајтија со должина од 1.000 метри. Се врши целосна реконструкција на овие две улици, додека во план е предвидена реконструкција и на уште две други улици кои остануваат во оваа населба, со што целата населба ќе биде целосно реконструирана“, изјави градоначалникот Валбон Лимани.

Градоначалникот Лимани исто така најави дека Општина Гостивар ќе продолжи со инвестиции во патната инфраструктура и во други делови од градот, со цел подобрување на сообраќајот и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

фото Општина Гостивар

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари!

ДЕСК

Стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот Скопје

ДЕСК